• сабота, 21 февруари 2026

Јавниот долг на Албанија, минатата година намален на 53,04 отсто од БДП,  се намалуваат трошоците за финансирање 

Јавниот долг на Албанија, минатата година намален на 53,04 отсто од БДП,  се намалуваат трошоците за финансирање 

Тирана, 19 февруари 2026 (МИА) - Јавниот долг на Албанија, во однос на бруто домашниот производ (БДП) значително се намали во последната деценија, што одразува подобрена фискална одржливост и поефикасно управување со портфолиото на долгот.

Според податоците објавени од Министерството за финансии, коефициентот долг/БДП се намалил од 70,03 отсто во 2014 година на 54,21 проценти во 2024 година и 53,04 отсто во 2025 година.

 Намалувањето на овој показател сигнализира дека економијата пораснала со побрзо темпо од долгот, зајакнувајќи ги фискалните биланси.

- Во исто време, се забележува намалување на трошоците за финансирање. Просечниот принос на домашниот долг се намалил од 4,56 проценти во 2024 година на 4,23 отсто во 2025 година, додека просечната вредност на надворешниот долг се намалил од 3,70 проценти на 3,53 отсто, објави Албанската новинска агенција (АТА).

Структурата на портфолиото, исто така, изгледа поизбалансирана.

Внатрешниот долг сочинува 59,4 проценти од вкупниот износ, додека надворешниот  40,6 отсто. Уделот на долгот во странска валута се намалил на околу 40 проценти, од околу 42 отсто претходно, со што се намалува изложеноста од девизен ризик, 

- Друг важен индикатор е продолжувањето на просечниот рок на достасување на домашниот долг, кој изнесува 2,8 години (1002 дена) во 2025 година, од 1,7 години (630 дена) во 2014 година и 2,6 години (923 дена) во 2024 година, наведува агенцијата.

Оценува дека зголемувањето на просечниот рок на доспеаност го подобрува профилот на ризик од рефинансирање и ја зголемува одржливоста на јавните финансии. вт/ми/

Фото: Министерство за економија 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан